500 000 денари украдени од стан во Битола
Според информациите на МВР вчера околу 22 часот во Битола, на ул.„Партизанска“, во станот сопственост на М.К.(1955), засега непознат сторител извршил тешка кражба, при што одзел пари во различни валути, со што причинил штета од околу 500.000 денари.
Тешката кражба сторителот ја извршил на тој начин што со употреба на физичка сила ја отворил балконската врата од станот, влегол внатре, извршил пребарување и ги одзел парите.
СВР-Битола превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.
Слично
