Економија, финансии, бизнис

Контакт

50 илјади куни за оној кој ќе изгради базен во Хрватска

50 илјади куни за оној кој ќе изгради базен во Хрватска
Околу 200 нови базени е предвидено да се изградат во Хрватска се со цел да се зголеми  понудата на базени  каде туристите би имале можност да изберат меѓу студената вода во морето и секако потоплата во базенот, сметаат од  министерството за туризам во Хрватска кои со оваа мерка имаат за цел да се примамат повеќе туристи и  предсезонскиот и посезонскиот период. Сите оние кои ќе изградат  базен државата ќе им поклони 50,000 куни. Износот ќе биде фиксен и треба да покрие една третина од инвестициите во изградбата на еден просечен базен. Но, важно е дека изградбата на базени нема да биде наменета за приватна употреба. Објавата на програмата се очекува до крајот на јануари, кога  треба да започне и првата пријава. Инаку програмата е наречена 1000 базени за Хрватска и токму току се очекува да бидат изградени до крајот на мандатот на оваа влада.
Слично

Поврзани вести