50 евра казна за секој велосипедист без кацига
Новиот закон за безбедност во сообраќајот предвидува казна од 50 евра за секој што ќе вози велосипед без кацига, односно заштитен елек.
Навечер и во услови на намалена видливост, задолжителен ќе биде и рефректирачки елек.
-Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед со помошен мотор, мопед, мотоцикл, трицикл, лесен четрицикл и четирицикл задолжително носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот. Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед, треба да носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот. Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед ноќе и во услови на намалена видливост треба да носат рефлектирачки елек за време на возењето на патот, стои во текстот на Законот.
Слично
