50 ЕВРА КАЗНА ИЛИ ОПШТОКОРИСНА РАБОТА:Најчевска и Пировска казнети за фрлање боја
Професорката Мирјана Најчевска и Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет добија парична казна од 50 евра или општокорисна работа откако утринава се појавија во полициската станица Беко каде беа повикани на информативен разговор.
И двете се товарат за сторен прекршок за време на протестите на Шарената револуција.
Сепак професорката Најчевска на распитот не се појави туку го испратила нејзиниот адвокат, додека пак Пировска изјавила дека го признава делото, ама не го потпишала платниот налог.
Тие сметаат дека учеството и фрлањето боја на протестите е легитимно право на граѓаните за изразување револт.
Протестантите од Шарената револуција од утринава се пред полициската станица Беко во Центар каде што протестираат во знак на револт од хајките против „борците за човекови права“ и во знак на поддршка на Најчевска и Пировска.
Во моментов сеуште трае протестот .
