5 страни без Бугарија разговараат за „Турски тек“ во Будимпешта
Министрите за надворешни работи на Унгарија, Србија, Македонија, Грција и Турција денеска ќе дискутираат на состанокот во Будимпешта за учеството во проектот „Турски тек“.
Според коментарот на вицепремиерот и министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ главна тема на состанокот ќе биде снабдувањето со енергетски ресурси и енергетската безбедност во регионот.
„Тоа ќе биде размена на идеи на пет земји и споделување на искуства за тоа дали се подготвени за реализацијата на новиот проект за гасовод „Турски тек“ како и новата рута за снабдување на регионот со природен гас“, коментирал Дачиќ.
Потсетуваме идејата за „Турскиот тек“ е иницирана, откако „Газпром“ се откажа од реализацијата на „Јужниот тек“. Сеуште целосно не се документарни фактите за одбивање и реализирање, бидејќи рускиот концепт продолжува да ги поддржуваат некои фирми во реализација на проектот.
Одбивањето беше објавено во Турција од страна на рускиот претседател Владимир Путин за време на средбата со Ердоган. Тогаш Путин го аргументирал одбивањето на Русија од првиот предлог со огромните одложувања за кои ги имаат главно бугарските власти.
Идејата на „Турски тек“ е повторно да поминува по дното на Црното Море и да испорачува природен гас во Турција, а преку друг систем и до границата помеѓу Турција и Грција, односно до границата на Европската Унија.
Проектот повторно е фокусиран за заобиколување на Украина како транзитирање настрана, а во пракса ги дуплираат можностите за снабдување на Европа со руски гас. Според проектот капацитетите на новата гасовод ќе бидат до 63 милијарди кубни метри, а гасот треба да потече во декември 2016 година.
Според многу проценки на експертите проектот е целосно непрофитабилен и економски бесперспективен. Таквата позиција изрази и еврокомесарот за енергетика Шефшович за време на посетата на Москва.
