5 совети како да дојдете до повисока плата
Луѓето преговараат секојдневно со различни цели и со различен резултат. Понекогаш од преговорите зависат важни работи како платата. Еве и неколку техники кои ќе ви помогнат во преговорите за повисока плата:
- Користете точни бројки, кога зборувате за предлог - тоа ја тера спротивната страна да мисли дека сте направиле истражување за да дојдете до овие конкретни бројки и тоа ги прави склони да веруваат дека најверојатно сте во право.
- Направете газдата да зборува за себе - истражувањата покажуваат дека зборувањето за себе може да разбуди истото чувство на задоволство, како на пример парите.
- Не барајте нужно "win-win" резултат од преговорите - луѓето кои влегуваат во преговори со идејата за профит и на двете страни, обично се чувствуваат подобро по крајот на средбата, но пак резултатите за зголемување на платата не им се толку добри.
- Направете го првиот предлог - општото мислење е дека треба да се почека спротивната страна да го направи основниот предлог, за да добиете повеќе информации како да продолжите да дејствувате. Всушност е многу подобро вие да ги наведете преговорите во насоката што јасакате, затоа започнете први.
- Бидете малку непредвидлив - во принцип преговорите се обидуваат да бидат што е можно по рационални. Но внесувањето на малку емоции и непредвидливоста може да ви донесе предност.
Ако изгледа дека не може да стигнете до посакуваната плата, можно е да има нешто друго што работодавачот може да направи за вас - на пример дополнително време за одмор, картичка за фитнес или некој друг бонус. Зависи дали ќе се "пазарите" добро.
Не заборавајте дека најсигурниот начин да не добиете нешто е едноставно да не го побарате.
К.К.
Слично
