Економија, финансии, бизнис

Контакт

5 СООБРАЌАЈKИ ВО 24 ЧАСА: Уште еден пешак загина на улица

5 СООБРАЌАЈKИ ВО 24 ЧАСА: Уште еден пешак загина на улица

 Пешак загина во сообраќајната несреќа се случи вчеравечер на магистралниот пат Охрид-Кичево.

Прегазен е шеесет и четиригодишен маж, кој го преминувал магистралниот пат од селото Требеништа. Во него удрил автомобил со марка Рено Лагуна со охридски регистерски ознаки. Пешако им подлегнал на повредите по патот кон болницата.

Инаку, ова е веќе петта сообраќајна несреќа во последните 24 часа. Останатите четири сообраќајни незгоди се случија вчеравечер во  подрачјето на Град Скопје, а се со материјална штета.

Се забележува и мало почитување на правилата за сообраќај, па само вчера во Скопје биле казнети 22 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, биле под дејство на алкохол, не пропиштиле пешак, а некои минале на црвено.

Слично

Поврзани вести