5 најпаметни работи кои треба да ги направите со вашите пари во 2016
Списанието Fortune предлага пет совети за управување на финансиите, кои би требало да ги примените во 2016 година
1.Прецизирајте и запишете ги своите цели
За да постигнете одредена цел корисно е да знаете што всушност точно сакате да постигнете. Колку сте попрецизни во тоа, толку подобро. Истражувањата покажуваат дека запишувањето на целите повлекува можност за нивно остварување дури за 49%.
2.Осигурете се финансиски
За почеток можете да создадете фонд за итни случаи со средства кои ќе ви го “спасат животот“ кога ќе изгубите работа или ќе ви се расипе автомобилот. Исто така е добро да штедите пари за пензија, со што е најдобро да почнете што порано.
3.Направете си буџет
Тешко ќе се држите до буџет кој е прекомплициран. Нека биде едноставен: Од месечната плата ги одземате фиксните трошоци, износот за заштеда и пензија и немесечни тршоци како што на пример се подароци за Божик. Се што ќе ви остане може да го потрошите на што сакате.
4.Автоматизирајте ги целите
Разгледајте ја можноста за отварање посебни сметки за поединечни цели за кои штедите. На тој начин лесно ќе можете да го видите својот напредок, а можете да ги автоматизирате придонесите за тие сметки без да мора посебно да размислувате.
5.Паметно користете ги бонусите
Во случај на бонуси како што се божикните можете да го испробате правилото 90/10: 90% од средствата употребете ги за големи финансиски цели, а преостанатите 10% за нешто забавно.
