Економија, финансии, бизнис

Контакт

5 начини како мирно да ја дочекате следната плата

5 начини како мирно да ја дочекате следната плата
Тешко е да се сврзе крај со крај, особено ако живеете со минимална или просечна плата, а веќе се ближи крај на месецот.
За полесно да се носите со предизвикот, ова се пет чекори што ќе ви помогнат:
1.Реално согледајте ги вашите трошоци
Кога не знаете на што точно ви одат парите многу е лесно да се влезе во циклус на преживување од плата до плата. Ако не можете точно да ги согледате сопствените трошоци тешко е да се утврди поради што на крајот на месецот ви недостигаат пари. Со Анализа на трошоците најлесно ќе ја направит сопствен буџет.
2. Укинете ги непотребните трошоци
Следниот чекор е кратење на трошоците кои не се неопходни. Тоа важи за вашите месечно сметки, но и за оние кои се варијабилни, неочекувани трошоци. Следниот пат кога ќе нарачате достава или ќе одите по четврти пат во денот на кафе, размислете колку тоа ве чини на крајот на месецот.
3.Намалете ги долговите
Каматите од кредитните и дебитните картички месечно “јадат“ многу пари. Намалувањето на долговите од картичките нека ви биде примарна цел.
4. Зголемете ги приходите
Заштедата на сметките и намалувањето на долговите може нема да бидат доволни за да се извлечете од магичниот круг. Размислете за тоа како можете да ги зголемите приходите. Ако работите за работодавач кој не плаќа прекувремена работа, тогаш може е време да размислите за некоја дополнителна работа која ќе би го зголеми буџетот.
5.Штедењето нека ви стане приоритет
Обидете се месечно да ставите на страна одреден износ кој можете да си го дозволите. Замислете дека станува збор за некоја сметка која мора да ја платите, Дури и неколку стотини денари месечно на крајот на годината ќе се собере пристоен износ на пари кои сте успеале да го заштедите.
Слично

Поврзани вести