Економија, финансии, бизнис

Контакт

5 милијардери кои не завршиле ниту средно училиште

5 милијардери кои не завршиле ниту средно училиште

Секоја година во САД над 1,3 милиони ученици не завршуваат ниту средно училиште. Со тоа ниво на образование тие не можат да се занимаваат и со 90 отсто од професиите во земјата, но тоа не значи дека тие не можат да успеат.

Овие пет личности се само еден доказ дека образованието не секогаш е пресудно на патот на успехот, пишува Business Insider .

Џон Д. Рокфелер

Oсновачот на нафтената компанија Standard Oil, се смета за најбогатиот американец на сите времиња, кој имал незамислива нето состојба, на 340 милијарди долари денес. Тешко е човек да замисли дека Рокфелер одел на училиште само во гимназијата и посетувал кратки сметководствени студии во колеџот за трговија пред да побара работа, кога имал 16 години.

 Хенри Форд

 Американскиот инженер и претприемач ја напуштил семејната фарма, кога имал 16 години, за да се пресели во градот Детроит. Тој станал чирак во работилница за машини, а подоцна главен инженер во Edison Illuminating Company. Форд го изградил првиот автомобил во 1896 година и направил револуција во индустријата. Нето состојбата денес му изнесува неверојатни 199 милијарди долари.

 Амансио Ортега

 На околу 14-годишна возраст Амансио Ортега престана да оди на училиште и почнал да прави нарачки за локалните продавници. Во 1975 година ја основал Zara, која се претворила во империја во светот на модата. Денес Ортега е богат човек во Шпанија со богатство од 74 милијарди долари.

 Кирк Керкориан

 Американскиот бизнисмен напуштил од осмо одделение, станал аматерски боксер, пилот на борбен авион во времето на Втората светска војна и магнат во казино индустријата. Се започнало кога Керкориан купил парче земјиште во Лас Вегас во 1962 година и го отворил автентичниот хотелски и казино комплекс MGM Grand седум години подоцна. Во моментот на неговата смрт во 2015 година, состојбата на Кирк Керкориан изнесуваше приближно 4 милијарди долари.

Франсоа Пино

 Петтиот најбогат човек во Франција, кој држи холдинзи како Gucci, Christie’s, Samsonite и Puma, го напуштил приватното училиште, во кое одел, во 1947 година, бидејќи соучениците му се потсмевале за сиромашното негово потекло. Пино работел во пиланата на својот татко, а денес неговата нето состојба се проценува на 13 милијарди долари и уметничка колекција, која содржи над 2.000 уметнички дела.

Слично

Поврзани вести