Економија, финансии, бизнис

Контакт

5 места во Грција каде Грците бегаат за Велигден без гужви: Едно од нив е на само 170km од Скопје

5 места во Грција каде Грците бегаат за Велигден без гужви: Едно од нив е на само 170km од Скопје

Традиционално, островот Крф во Грција се смета за местото што задолжително треба да се посети за Велигден, но според грчките портали постојат уште неколку места во коишто нема толку метеж, а нудат сосема поинакво искуство.

Порталот travel.gr издвојува пет места во Грција каде празникот може да се помине во мирна атмосфера, далеку од големите туристички гужви.

Станува збор за малите села низ Грција коишто нудат идеален амбиент: традиционални камени куќи, тивки плоштади, стари цркви и автентични обичаи кои се нераскинлив дел од празничната атмосфера.

Во продолжение ви претставуваме пет дестинации кои се особено убави во пролет, со информации за оддалеченоста од Скопје, велигденските традиции и просечната температура во април.

Магулијана (Magouliana), Аркадија

Оддалеченост од Скопје: околу 720km

Просечна температура во април: 10–16°C

Магулијана е планинско село во регионот Аркадија на Пелопонез, сместено на 1.365 метри надморска височина, што го прави едно од највисоките населени места во Грција.

Околу селото се протегаат густи зимзелени шуми, а тивката атмосфера го прави совршено место за одмор во природа.

Центарот на селото го краси вековен Јавор (платан), под кој локалците пијат традиционално грчко кафе и служат домашни слатка.

Тука се и старите цркви од 18 и 19 век.

За Велигден, жителите организираат свечена литургија и процесија со свеќи, а по полноќ на плоштадот се служи традиционалната супа магирица, која го означува крајот на постот. Атмосферата е интимна и семејна, далеку од туристичката гужва.

Сстанатите дестинации во продолжение на Женски Магазин

Слично

Поврзани вести