Економија, финансии, бизнис

Контакт

5,5 милиони евра ќе се потрошат за новиот споменик на Мајка Тереза

5,5 милиони евра ќе се потрошат за новиот споменик на Мајка Тереза

Министерството за култура ќе потроши 5,5 милиони евра за новиот споменик-фонтана на Мајка Тереза на плоштадот во Скопје.

Изгледот на новиот објект, министерството за култура го опиша како: две независни композиции, односно две површини за градење и тоа: портал украсен со богата релјефна пластика во бел мермер на која се поставени бронзени скулптури и неколку скулптурални композиции од бел мермер, позиционирани на карпест дел обложен со травертин збогатен со водени слапови кои даваат ефект на водопади.

Изградбата почнува наесен и треба да е готова за 3 години, а објектот ќе го гради скопската фирма ,,Бетон".

Слично

Поврзани вести