46 ОД ЖРТВИТЕ СЕ ОДНЕСЕНИ ВО БОЛНИЦА, ВОЗАЧИ НА АВТОМОБИЛИ ПОМАГАЛЕ ДА ГИ ИЗВАДАТ ОД АВТОБУСОТ: Патувале на одмор на Црно Море
Автобуска несреќа
се случила на автопатот Тракија на 217 километар во правец кон Софија. Станува
збор за автобус со српска регистрација кој но возел деца и возрасни на одмор на
Црното Море, соопшти МВР.
Во автобусот патувале вкупно 49 лица - 38 деца и 11 возрасни. Низ прозорците успеале да излезат од автобусот. Некои од нив ги скршиле и предните и задните прозорци за да излезат.
46 од жртвите се пренесени во болница, тројца по несреќата се неповредени.
Според првичните податоци, нема информации за загинати. На автопатот е создаден коридор по кој повредените ќе можат да се пренесат до болницата во Стара Загора, која е и најблиску.
Автобусот се превртел во каналот на автопатот. Засега не може да се коментираат причините за несреќата, велат од бугарското МВР.
Полицијата и пожарникарите се на терен, сообраќајот во околината се одвива отежнато. Повреден е и возачот на автобусот. Возачи на автомобили застанале и помагаат да се извлечат повредените од автобусот.
Несреќата се случила вечерва нешто по 20 часот.
По наредба на главниот обвинител Иван Гешев, екипа истражители од Националната истражна служба излегла на местото на сообраќајната несреќа кај Стара Загора, со цел да започне истрага во врска со излетениот автобус со српски државјани.
