Економија, финансии, бизнис

Контакт

440 кандидати ќе поминат обука, МВР ќе вработи – 400

440 кандидати ќе поминат обука, МВР ќе вработи – 400
Започна обуката на идните полицајци, во тренинг центарот на Бирото за јавна безбедност. Една година трае обуката која треба да ги подготви за вработување во полициска служба. Таа содржи теоретски и практични вежби во три области - јавен ред и мир, сообраќај и гранични работи. Вкупно 440 кандидати ќе ја поминат обуката во центарот во Идризово, но од нив ќе бидат вработени само најдобрите 400. Интересот за вработување во македонската полиција е исклучително висок. На конкурсот се пријавија над 5.500 кандидати. МВР спроведе строга селекција преку проверка на физичката и психичката подготвеност, знаењата и здравствената состојба на кандидатите, па изборот го стесни на 440. При изборот се водело сметка и за етничката и половата застапеност.  
Слично

Поврзани вести