Економија, финансии, бизнис

Контакт

400 ЛУЃЕ ЈА БАРАА ЦЕСНАТА, ПРЕБАРУВАЊЕТО СО ТРАГИЧЕН КРАЈ: Во исчезнатиот авион во Хрватска, сите патници се загинати

400 ЛУЃЕ ЈА БАРАА ЦЕСНАТА, ПРЕБАРУВАЊЕТО СО ТРАГИЧЕН КРАЈ: Во исчезнатиот авион во Хрватска, сите патници се загинати

Хрватските медиуми јавуваат дека авионот Цесна кој исчезна од радарот меѓу Слуњ и Раковица во Хрватска е пронајден со помош на дрон. Потврдено е дека загинале сите патници во авионот.

Во базата беа пријавени и точните координати на локацијата. Гледам делови од опашката, крилата и кабината“, рекол пилотот кој го нашол авионот.

За жал, потврдено е дека загинале сите патници од авионот Цесна, а во тек е полициска истрага.

- Во име на сите оперативни сили изразувам сочувство до семејствата и пријателите на жртвите - изјави директорот на цивилната заштита, Дамир Трут, објави Н1.

Како што рече, 400 луѓе биле ангажирани во потрагата по леталото.

Тој нагласи дека авионот, кој исчезна вчера по полетувањето од Сплит, е пронајден на неколку стотини метри од Брочанска коса, пренесува Index.hr.

- Овој авион, колку што знам, нема црна кутија. Ќе повлечеме дел од силите, а дел ќе остане да помогне во извлекувањето на авионот и загинатите – изјави Трут.

Авионот „Цесна 182“ кој летал од правец на Сплит кон Германија, а во кој имало четири лица, исчезнал од радарот на Хрватската контрола на летови вчера во 11.25 часот на поширокото подрачје на Слуњ.

Според хрватската полиција, пилотот на спортскиот авион Цесна е Швајцарец, а патниците се двајца германски државјани и еден хрватски државјанин.

ФОТО: YouTube Print Screen

Слично

Поврзани вести