400 000 сириски деца во Турција не одат на училиште-Закана за нов бран мигранти кон Европа!
Повеќе од 400 000 сириски деца во Турција не посетуваат училиште, како главна причина за тоа е недостаток на средства. Ова се вели во извештајот на невладината организација „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ), предупредувајќи дека тоа може да доведе до повеќе бегалци по одлуката да се движат кон Европа, или дури да се вратат во Сирија.
„Неспособноста да се обезбеди едукација на сириските деца ја става на ризик цела генерација“, се вели уште во текстот на организацијата. „Во отсуство на надеж за подобра иднина, очајните сириски бегалци може да стигнат до изложување на живот на опасност и како да се вратат во Сирија или да го преземаат опасното патување кон Европа“, посочуваат од ХРВ.
Минатата недела од Агенцијата на ОН за бегалци соопштија дека очекуваат до 600 000 мигранти и бегалци да преминат преку вода од Турција до Грција во следните четири месеци.
Од ХРВ предупредуваат дека поради недостигот на средства многу често се наметнува и деца на бегалците да работат. Други причини за големиот број сириски деца надвор училиштата е и јазичната бариера, како и тешкотиите на социјалната интеграција.
Како резултат од конфликтот во земјата се вкупно 3 милиони деца кои не посетуваат училишта внатре и надвор од Сирија.
Турција, каде има 2,2 милиони бегалци од Сирија, минатата година се согласи да им обезбеди на сириските деца пристап до јавно образование и да дозволи формирање на привремени центри за обука од добротворни и невладини организации. Според ХРВ, повикувајќи се на податоците на турското образовно министерство, од вкупно 708 000 деца, само 212 000 добиле едукација во текот на изминатата година.
