40% од потребната струја во септември дојде од увоз!
Дефицитарното домашно производство на електрична енергија наложи во септември годинава дури 39,5% од вкупните потреби од овој енергенс во Македонија да се задоволат од увоз. Според податоците од државниот електропреносен систем оператор МЕПСО, во септември термоелектраните во земјава покрија 54,5% од потребите за струја, додека хидроцентралите произведоа струја задоволувајќи само 6,3% од потребите.
Во првите првите три квартали од годинава пак, државните термоцентрали задоволија 56,6% од потребите за струја, а хидроцентралите само 10,2%. Независните производители продале струја од 4,3% во септември, со што недостигот од 30% за целосно да се задоволат потребите од електрична енергија во Македонија мораа да се увезат.
Отсуството на апсолутни бројки за произведената и увезената количина на струја во овој период од годината не дозволува да се пресмета колкав одлив на девизи значи увозот на струја во првите девет месеци од 2012 година.
Последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика наложи Евн Македонија од септември да увезува сама струја за потребите на домаќинставата, нешто што до сега го правеше државната ЕЛЕМ.
извор: МЕПСО
| Електрична енергија од домашно производство и увоз (јануари-септември 2012 год.) | |||||||||
| ХЕЦ (ЕЛЕМ) | 10,18% | ||||||||
| ТЕЦ (ЕЛЕМ) | 56,56% | ||||||||
| Независни | 4,31% | ||||||||
| Увоз | 28,95% | ||||||||
Слично
