31 милиони евра должат Црногорците на кредитните картички
Централната банка на Црна Гора, денеска соопшти дека црногорските граѓани на кредитни картички должат 31 милиони евра, а на дозволените минуси на тековните сметки - 14,8 милиони евра.
Според податоците на ЦБЦГ, долг на кретитните картички имаат на 28.000 граѓани, додека долг на тековните сметки имаат околу 81.000 граѓани.
Вкупниот долг на кредитните картички, кај кои има доцнење во плаќањето над 30 денови измесува 3,8 милиони евра, што е 12,2 отсто во однос на вкупниот долг за кредитните картички.
Слично
