300 возачи и кувари за 100 делгации, сместени во 10 хотели во Белград: 60 години од Движењето на неврзаните
Денес и утре, Белград ќе биде домаќин на еден од најмасовните меѓународни политички настани во последните три децении. Претставници на 100 делегации и меѓународни организации, 40 министри за надворешни работи и повеќе од 500 делегати ќе се соберат денеска за да ја одбележат 60-годишнината од првата конференција на Движењето на неврзаните, која се одржа во 1961 година во главниот град на Србија.
Според Блиц, за сите нив ќе се грижат вкупно 6.000 луѓе, вклучувајќи 200 офицери за врска, 300 возачи, готвачи, келнери, 100 млади луѓе од угостителските училишта и уште 200 доброволци. Храната ќе се готви според халал и хинду стандарди, а на гостите ќе им биде достапна и молитвена соба.
Се смета дека оваа година, ова е најголемиот во светот по Генералното собрание на Обединетите нации.
Домаќини се Србија и Азербејџан, а воБелград присуствуваат рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу како и министрите за надворешни работи на Иран, Ирак, Кувајт, Бразил, Венецуела, Куба, Бразил и Саудиска Арабија.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ќе се обрати на собирот преку видео врска, а синот на поранешниот египетски претседател Насер и ќерката на поранешниот претседател на Гана, Нкурмах, исто така, ќе дојдат во главниот град на Србија - двајца лидери кои, покрај Тито, Нехру и Сукарно, беа дел од „златната петорка“ креатори на неврзаните.
Тогашна Југославија и претседателот Јосип Броз Тито беа ко-основачи на Движењето и придонесоа за создавање визија за поинаков свет.
Терминот „Неврзаните“ првпат беше измислен од индискиот премиер Џавахарал Нехру, и првпат се одржа за време на Студената војна помеѓу Вашингтон и Москва, за да се избалансира, да се спротивстави на колонијализмот и трката за вооружување и да обезбеди пристап во мир.
-Духот на неврзаните почива на еднаквост, слобода, траен мир, суверена еднаквост на државите и мирна соработка на сите народи, и дека овие вредности се вткаени во државотворни темели на Србија, и дека Движењето е светилник на слободата низ историјата - рече министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ.
Гостите се сместени во пет белградски хотели, а првите гости веќе почнаа да пристигнуваат во Белград пред три дена.
Првиот гостин беше министерот за надворешни работи на Антигва и Барбуда, Пол Чет Грин.
- Ангажирани се околу 6.000 луѓе, 200 офицери за врска ќе поддржуваат странски делегации за време на нивниот престој во Белград, 300 возачи, готвачи, келнери, 100 млади луѓе од угостителските училишта, околу 200 волонтери задолжени за аеродром, саем, хотели, туристички водичи во седум јазици… Сите тие ќе се обидат гостите да ги запознаат со традиционалната српска гостопримливост и туристички, културни, но и гастрономски специфики на нашата земја - посочува изворот на Блиц од Министерството за надворешни работи.
Исто така, ќе се земат предвид сите културни и верски разлики и специфичности на гостите.
- Има одделни простории за молитва во салата каде што се одржува собирот, ќе подготвиме храна според халал и хинду стандарди…. За состанокот ќе има 16 преведувачи на четири јазици: англиски, француски, шпански и арапски - посочува соговорникот.
За време на состанокот, ќе се одржи бизнис форум, на кој ќе се разговара за инфраструктурните, економските, извозните и инвестициските потенцијали на Србија со можни и сегашни партнери.
Движењето на неврзаните е најголемата група држави по Обединетите нации. Се уште постои и има 120 членови.
