300 државни вработувања на лица со посебни потреби – ќе се бираат транспарентно
Конкурсот за новите 300 државни вработување на лица со посебни потреби ќе излезе во текот на овој месец. Ова го најави денеска премиерот Никола Груевски кој вели дека Владата се решила за вков чекор бидејќи проценила дека се работи за категорија граѓани на кои им треба помош.
„Меѓу тие лица има што не може да работат, не се работоспособни заради нивниот здравствен проблем, но има и лица коишто се работоспособни и може да им се најде работни места на кои подеднакво добро ќе ја вршат работата како што ја вршат останатите“, смета Груевски кој додаде дека овој проект што треба директно да им помогне на лицата со посебни потреби да не се чувствуваат занемарени, отфрлени и дека се терет на државата. Изборот ќе биде транспарентен вели тој, исто како и при огласот за 1600 вработувања во Македонски шуми.
„Се разбира, ќе биде внимавано на етничката застапеност согласно процентот на етничките заедници во Македонија. Меѓутоа, ќе бидат утврдени критериуми на кој начин тие ќе бидат примени како што да речеме имаше утврдено критериуми кога беа примани 1.600-те лица од различни ранливи категории. Така и за оваа категорија на лица ќе бидат утврдени посебни критериуми, соодветни на нив и на најтранспарентен начин ќе бидат избрани“, додаде Груевски.
И за овие вработувања, критериумите ќе ги прави Министерството за труд и социјална политика.
Новите 1600 вработени од социјално ранливите категории се вистински потег во борбата со невработеноста, но истовремено и сиромаштијата или ваквите вработувања само дополнително ќе удрат врз кревкиот буџет, а со тоа и директно на македонската економија.
1600 лица добија државна работа, ќе земаат плата од буџетот, економистите не се уверени дека начинот на кој беше изведена целата постапка е оправдан, политичките аначитичари пак коментираат дека овие политики само навестуваат дека на повидок се нови предвремени парламентарни избори, пишуваше Фактор пред неколку дена, непосредно по „лотариријата“за работа во Македонски шуми.
Слично
