30 дена притвор добија приведените во акцијата „Удар“
Голема полициска акција вчера беше спроведена на територијата на град Скопје и кумановскиот регион во која МВР апсеше шверцери на дрога и оружје, лихвари, криумчари при што истите лица по кои се трагаше подолг период беа приведени.
По претходна постапка и соменние дека може да го повторат кривичното дело или да се дадат во бегство, судот денеска соопшти дека за седуммина од осомничените е определена мерка притвор од 30 дена а меѓу нив е и претседателот на кумановскиот суд.
На тројца осомничени им се одземени пасошите и забрана имаат за напуштање на живеалиштето, додека едно лице се соочи со мерка куќен притвор.
Против сите уапсени лица ќе се спроведува истражна постапка.
Слично
