Економија, финансии, бизнис

Контакт

30 000 денари помош за поплавените во Тетовско

30 000 денари помош за поплавените во Тетовско
Семејствата кои претрпеа штети од вчерашното невреме во Тетовско, ќе добијат по 30 000 денари еднократна парична помош. Ваква одлука донесе, денеска, Владата на седница посветена за состојбата во Тетовско. Ќе се формира и комисија која ќе ја проценува состојбата на оштетените имоти. Вчерашното невреме што ја зафати Македонија најсилно беше во Тетовскиот регион, каде водената стихија одзеде четири животи и поплави повеќе од 200 објекти. Од Владата информираат дека Агенцијата за конфискуван имот ќе додели помош на семејствата со опрема и облека, а ќе биде отворена и сметка за донации.
Слично

Поврзани вести