Економија, финансии, бизнис

Контакт

3,5 милијарди долари изнесувала турската помош за странски држави во 2012

3,5 милијарди долари изнесувала турската помош за странски држави во 2012

Турската странска помош за вкупно 121 држава во 2012 година била во износ од 3 милијарди 436 милиони долари, објави турскиот сајт „Ворлд булитин“, повикувајќи се на извештај на Турската агенција за меѓународна соработка и развој.

Турскиот вицепремиер Бекир Боздаг изјави дека Турција повеќе не е земја примател, туку земја што дава помош, благодарение на политичкиот и економски успех за време на владеењето на Партијата на правдата и развојот.

Во извештајот се наведува дека за првпат помошта за странски држави надминува двe милијарди долари.

Главна причина за зголемувањето е обезбедената помош за неколку окрузи со сириски бегалци и заемите, дадени на земји во развој.

Земји од Блискиот Исток примиле 46,6 отсто од средствата, 31 отсто од помошта биле наменети за земји од Африка, 18 проценти за Јужна и Централна Азија, а 3 проценти за земји од Балканот и Источна Европа.

Слично

Поврзани вести