3/4 од Бугарите сe против градење во заштитени подрачја
Во Бугарија 65% од населението е против градење во заштитените подрачја.
76% од Бугарите изјавиле дека најсериозен проблем за природата е сечата и уништувањето на шумите. 65% од бугарските граѓани би поддржале забрана за нова градба таму, вклучувајќи туристичка и спортска инфраструктура. Ова го покажуваат податоците од новото национално истражување на агенцијата „Алфа рисрч", направено во февруари 2016 година. Сечите на шумата и градењето во заштитени подрачја се сериозен и клучен проблем за граѓаните во текот на годините од 2009 година па наваму. Истражувањето покажува дека зелените организации уживаат најголема доверба (52%) меѓу организациите и институциите кои би требало да се грижат за природата. На второ место очекувањата на Бугарите се насочени кон општини и градоначалници (46%), а на трето место (45%) се националните институции. Во моментов конкретен проблем има со заштитата на Рила, Пирин и Витоша, на кои и се фокусира вниманието на јавноста, бидејќи тие се икони на бугарската природа.
