Економија, финансии, бизнис

Контакт

На практична настава во БРАКО 29 ученици се обучуваат за идни заварувачи и техничари

На практична настава во БРАКО 29 ученици се обучуваат за идни заварувачи и техничари

Вкупно 29 ученици од средното стручно училиште „Коле Неделковски“ од Велес изведуваат практична настава во фабриката БРАКО. Учениците кои се запишани на смеровите „техничар за производно машинство“ и „заварувач“, преку практичната настава дознаваат како изгледа производството во една фабрика: од влезна суровина, текот на производниот процес, до финален производ. 

Притоа, се обучуваат да ја применуваат и најсовремена технологија која компанијата редовно ја обезбедува во своите погони.

Веќе трета година БРАКО е вклучено во проектот ,,Дуално образование”,кој овозможува теоретска и практична настава, и кој од стопанството се смета за вистински чекор кон создавање на добро обучени и остручено кадри за кои индустријата има потреба.

„Проектот за дуално образование“ се спроведува во соработка со Министерството за образование и наука и Делегацијата на германското стопанство.

ПР-Објава

Слично

Поврзани вести