Економија, финансии, бизнис

Контакт

27.886 работодавачи бараат субвенции во кризата

27.886 работодавачи бараат субвенции во кризата

Вкупно 27.886 работодавачи преку Управата за јавни приходи побарале субвенционирање на платите и придонесите за своите вработени од државата, согласно владините уредби за помош за време на вонредната ситуација.

„Во делот на субвенции за повисоки плати до сега 27.886 работодавачи  ја искористиле оваа мерка за 157.597 вработени лица. Износот на вкупниот придонес изнесува 788 милиони денари“, рече Лукаревска.

Во делот за субвенциите за нето-платите Лукаревска, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека тој податок во моментов не е достапен и дека ќе треба дополнително да се објави.

Слично

Поврзани вести