Економија, финансии, бизнис

Контакт

250 евра помош за настраданите домаќинства во поплавите

250 евра помош за настраданите домаќинства во поплавите

 Најдоцна до вторник Владата ќе исплати по 15.500 денари еднократна неповратна помош за секоја куќа или стан оштетени од поплавите.

„Во текот на денешниот и утрешниот ден претставници на подрачните единици на МТСП и на Црвениот крст ќе ги посетат домаќинствата во подрачјата опфатени со поплавите за да направат попис на нивните потреби“, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев.

Владата на вчерашната седница усвоила пакет мерки во насока на санирање на настанатите штети од поплавите и природните влијанија во најголем дел во Источна Македонија.

Според Ѓорѓиев, бројката на куќи кои настрадале или се оштетени како последица на поплавите според проценките изнесува меѓу 1.500 и 2.000. Портпаролот исто така информираше дека продолжуваат мерките за достава на лекови, храна и санитетски материјал на погодените подрачја како и расчиствување на теренот.

Слично

Поврзани вести