25 теренски возила за МВР трета донација од Чешка
После донираните ќебиња, греалки, шатори Чешка денеска донираше 740.000 евра со кои за потребите на МВР ќе бидат набавени 25 теренски возила.
Договорот денеска беше потпишан од страна на министерот Оливер Спасовски и амбасадорот на Чешката Република Мирослав Рамеш.
Министерот Спасовски искажа благодарност за донацијата за несебичната поддршка која ни ја даваат во справувањето со мигрантската криза.
Првичните донации ја чинеа Чешка околу 125.000 евра.
И Спасовски и Рамеш најавија и нова донација на опрема за МВР и истата ќе ја надмине сумата од еден милион евра заедно со сите досегашни донации.
Слично
