Економија, финансии, бизнис

Контакт

25 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА АКЦИОНЕРИТЕ: НЛБ Банка ќе дели дивиденда

25 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА АКЦИОНЕРИТЕ: НЛБ Банка ќе дели дивиденда

НЛБ Банка ќе подели дивиденда, дел од добивката остварена минатата и предминатата година, соопштија од банката. Акционерското собрание е закажано за 19 ноември а како точка на двневен ред е поделбата на остварениот профит. Во предлог одлуката се објаснува дека дивидендата се дели сега, откако тоа во август го овозможи Народната банка која претходно во јануари им ограничи на домашните банки да ја делат добивката како дивиденда за акционерите. Поради тоа НЛБ Банка одлучи остварениот профит за 2019 и за 2020 година да го чува во акумулирана добивка расположлива за понатамошна распределба. Станува збор за добивка на Банката за 2019 во износ од 1.672.270.392 денари или 27.191.388 евра и за 2020 во износ од 1.022.311.017 денари (16.622.943 евра). Од овие пари за поделба на дивиденда ќе се одвојат речиси 25 милиони евра

„Во согласност во добрата ликвидност и финансиската состојба на банката во периодот по КОВИД19, растот на кредитното портфолио во четвртиот квартал 2021 година и првиот квартал од 2022 година, како и позитивните очекувања за иден развој на економската и финансиската ситуација, Надзорниот одбор на Банката ја предлага следнава распределба на акумулираната добивка - акумулираната добивка на НЛБ Банка АД Скопје од 2019 година во износ од 27.191.388 евра да биде распределба на следниов начин: - За исплата на дивиденда 8.193.430 евра и - За општ резервен фонд 18.997.957. Од акумулирана добивка на НЛБ Банка АД Скопје за 2020 година во износ од 16.622.943 евра ќе биде употребена за исплата на дивиденда, соопштуваат од банката. 

Додаваат дека со вклучување на акумулираната добивка на банката во општ резервен фонд (Common Equity Tier I capital) проектираната капитална адекватност од 31.12.2021 врз основа на планираната РПА и зголемувањето на сопствените средства на Банката изнесува 17,3 отсто (вклучувајќи го и планираниот субординиран кредит од 2021 година).

Инаку во април 2021 година, врз основа на редовната годишна процена на системски важни банки во земјава, Народната банка ја рангираше нЛБ Банка како втора системски значајна банка во Македонија и била зголемена стапката на заштитен капитал за системска значајност од 1,5% до 2%, што доведе до зголемување на вкупното капитално барање од 15% на 15,5% што треба да биде исполнето почнувајќи од 31.03.2022.

А.Т.

Слично

Поврзани вести