24 Вести: Игор Ивановски се откажа од трката за лидер на СДСМ
Еден од четворицата кандидати за лидер на СДСМ Игор Ивановски се откажал од биктата, јави 24 Вести. Тој денеска најавил дека се откажал од трката за лидер.
Телевизијата јавува и дека Ивановски денеска ја депонирал својата оставка од лидерската трка. Порачал дека нема намера јавно да повика за кого од останатите тројца кандидати да гласаат неговите поддржувачи.
Ивановски не беше достапен за коментар за да ги каже мотивите за откажувањето, но информацијата за 24 Вести ја потврдиле од СДСМ.
Сега во игра за претседателската функција во СДСМ остануваа Зоран Заев, Кире Наумов и Зоран Јовановски.
Слично
