Економија, финансии, бизнис

Контакт

24 повредени и 203 уапсени во немирите во Истанбул

24 повредени и 203 уапсени во немирите во Истанбул

Во немирите и судирите со полицијата во Истанбул беа повредени 18 демонстранти и шестмина полицајци, а 203 лица биле приведени.

„Демонстрантите, кои сакале да одат на плоштадот Таксим, биле претресени. Запленети се две гранати, едно огнено оружје и 54 „молотови“ коктели, се вели во соопштението на полицијата.

Демонстрантите фрлале кон полицијата со камења и молотови коктели и се обиделе да направат големи барикади низ улиците на Истанбул. Како одговор за одбрана на властите употребиле водени топови и солзавец.

Неколкумина групи демонстранти се обиделе да отидат до плоштадот Таксим и да организираат митинг. Плоштадот бил ограден со железна ограда, чувана од неколку стотици полицајци.

Слично

Поврзани вести