Се продаваат амбасадите во Цирих и Канбера, наследени од СФРЈ
Владата ги продава амбасадите во Цирих, Швајцарија и Канбера, Австралија, стекнати по пат на сукцесија на димпломатско – конзуларниот имот на поранешна СФРЈ, пишува НоваТВ.
Информацијата ја потврдија и од Министерството за надворешни работи, а одлуката веќе е објавена и во Службен весник. Зошто се продаваат амбасадите и за што ќе се потрошат парите, нема објаснување.
За амбасадата во Цирих, Владата бара 3.000.000 швајцарски франци, а почетна цена за амбасадата во Канбера е 1.100.000 австралиски долари. Во објавата за амбасадата во Канбера пишува дека се продава само објектот, а во Цирих освен амбасадата на продажба е понудено и градежно земјиште.
Со поделбата на дипломатско-конзуларните претставништва на поранешна СФРЈ во 2006 година на Македонија и припаднаа четири објекти: Амбасадата на поранешната СФРЈ во Канбера, Австралија, Конзуларното одделение при Амбасадата на поранешна СФРЈ во Атина, Грција, репрезентативен стан во Рим, Италија, како и објектот во Цирих.
