Економија, финансии, бизнис

Контакт

23 милиони евра ќе потроши Грција за модернизација на олимписките објекти

23 милиони евра ќе потроши Грција за модернизација на олимписките објекти

Тендер вреден 23 милиони евра објавија грчката национална туристичка организација и Компанијата за јавна сопственост за развој, работење или модернизација и одржување на олимписките објекти и локации во Грција. Според туристичка организација ова ќе помогне за јакнење на туристичката инфраструктура во земјата.

Само за центарот за веслање во северниот дел на Атика кој е еден од шесте олимписки локации, тендерот за одржување и работење тежи 1,5 милиони евра. Договорот ќе биде за рок од две години со можност за продолжување од уште една година.

Истовремено 17,4 милиони евра ќе чини модернизацијата на инфраструктурата на скијачкиот центар Парнасос.

Слично

Поврзани вести