Се најде јунак да објави колку Владата им должи на фирмите – 226 милиони евра!
Европската бизнис асоцијација повикувајќи се на податоците од Централниот регистар за состојбата со краткорочните ненаплатени фактурирани побарувања заклучно со декември 2011 година објави дека долгот на државата кон стопанството изнесувал 226 милиони евра.
Всушност, оваа сума ја открија панелистите на дискусијата „Европската и македонската рецесија-искуства, предизвици и контраверзи“ во организација на Европската бизнис асоцијација, Советот за глобална соработка и Стопанската комора на северо-западна Македонија.
Владата неодамна, по долго негирање ги призна своите долгови кон фирмите, што за поврат на ДДВ, што за други услуги и градби и најави целосно раздолжување до крајот на февруари следната година. За таа намена ќе биде земен кредит од комерцијални банки, за кој како што најави премиерот Груевски, гарант ќе биде Светската банка. Уште тогаш, министерот Ставрески најави дека за оваа намена ќе бидат земени 250 милиони евра посредно откривајќи колкав е долгот кон фирмите.
Слично
