Економија, финансии, бизнис

Контакт

224 000 мигранти влегле во Европа преку Средоземно Море

224 000 мигранти влегле во Европа преку Средоземно Море

Од Високиот комесаријат за бегалци при ОН (УНХЦР), објавија дека околу 224 000 бегалци и мигранти ги преминуваат границите и влегуваат во Европа преку Средоземното море.

Меѓу бегалците што стигаат во Европа најбројни се Сиријците, па Еритрејците, Авганистанците, Нигеријците и Сомалијците.

„Имаме бегалска криза пред вратата на Европа. Повеќето од оние што доаѓаат преку Средоземното море бегаат од војна и прогон, тоа не се економски мигранти“, истакнува Вилијам Спиндлер, портпарол на Комесаријатот.

Од Комесаријатот имаат податоци дека на патот до Европа повеќе од 2 100 луѓе умреле или исчезнале на море.

Од таму додадоа дека, кризата не е настаната од големиот број на мигранти, туку од некоординираноста на државите во Европа.

Слично

Поврзани вести