ВИДЕО+ФОТО:Бои се фрлаат врз фасадата на Собранието
Демонстрантите и вечерва фрлаат бои врз фасадата на Собранието.
Граѓаните со факели, знамиња и боја протестираат пред Собранието.
Протестот почна пред СЈО во 18 часот, по што граѓаните заминаа пред Владата и ја обоија. Црвена боја беше фрлена и во фонтаната на плоштадот.
Се бара претседателот, Ѓорѓе Иванов да ја повлече аболицијата и да си поднесе оставка од функцијата. Воедно бараат да се пуштат на слобода демонстрантите кои се во куќен притвор.
Граѓаните велат дека протестираат за правда и демократија.
Вечерва се протестира и во неколку градови во внатрешноста.
[embed width="700" height="450" ]http://twitter.com/meta_agency/status/738078608305082368[/embed]
Слично
