Демонстрантите пред ДИК, се пуштаат „бомбите“
Полицајци ја чуваат зградата каде што се наоѓа Државната изборна комисија, пред која се демонстрантите од „Шарената револуција“.
На разглас се пуштаат дел од „бомбите“ кои ги објави опозициската СДСМ како и песната „Во борба, во борба“. Протестот во 18 часот започна пред СЈО. Вечерва посебно внимание се обрнува на изборниот криминал, покрај барањата кои се исти со денови и од кои демонстрантите не отстапуваат.
Ново е што од денеска и земјоделците се приклучуваат на „Шарена револуција“, така што го блокираа патот кон Бугарија и во Облешево.
Протестите траат четири недели.
Слично
