21 милион евра кредит од ЕБОР за експресниот пат Штип – Кочани
Со нов дополнителен кредит од ЕБОР во износ од 21 милион евра надлежните планираат да ја дореализираат изградбата на експресниот пат Штип – Кочани.
Денеска во Лондон беше ставен потписот за реализацијата на овој проект кој има вкупна вредност од 53,4 милиони евра а денешните 21 милион евра се дополнителни .
Од Европската банка за обнова и развој велат дека инфраструктурата во земјава е нивен клучен приоритет во Македонија.
Според министерот Ставрески пак со изградбата на овој модерен пат со четири ленти ќе се обезбеди побезбедно и побрзо стигнување до овие два града истакнувајќи го и привлекувањето на инвеститори во штипско-кочанскиот крај.
Програмата од ЕБОР е вредна 181 милион евра а средствата ќе се отплаќаат од 4 и грејс – период 15 години со каматна стапка од 6 месечен ЕУРИБОР, плус 1 насто.
И делницата Раец – Дреново кон Прилеп влегува во првата фаза покрај горенаведениот експресен пат, додека во втората фаза ќе се градат автопатот Струга – Требеништа и експресниот пат Охрид – Пештани.
ЕБОР досега поддржуваше бројни проекти за развој на инфраструктурата, а министерот Ставрески најави нов амбициозен план за следната година чија вредност ќе изнесува околу 200 милиони евра.
