21 лице починале во Турција од отровен алкохол со натпис „Булгарска ракија“
21 лице починало во Истанбул по труење со алкохол. Сите жртви консумирале ист алкохолен пијалок, што ја предизвикало и нивната смрт. На етикетите на дел од шишиња имало натпис „Булгарска ракија“.
Уште 15 лица се наоѓаат во болница во критична состојба, пишува весникот „Хуриет“ според податоците на агенцијата Анадолија.
Турските власти веќе уапсиле 21 лице, вклучувајќи ги и производителите, дистрибутерите и продавачите. Во исто време почнаа и акции за заплена на илјадници шишиња од отровната стока во целата земја.
Против осомничените се покренати обвиненија за убиство со можна намера.
Од 18 октомври вкупно 89 лица се примени во болница по конзумирање на предметниот алкохол.
Слично
