Економија, финансии, бизнис

Контакт

21 000 бегалци за еден месец во Македонија

21 000 бегалци за еден месец во Македонија

После 19 јуни до денес официјално статус на бегалец во земјава побарале 20 605 лица.

Ова го соопштија од Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Само за три дена 1853 лица поднеле документи со ова барање.

15 038 од нив се мажи, 2729 жени и 2647 се малолетни. Статус на бегалец добиле 41.

Најмногу имигранти има од Сирија - 15 290, Авганистан - 1543 Ирак - 1172, Пакистан - 676, Сомалија - 456, Палестина - 396, Конго - 277 и Камерун - 124.

Пред два дена МРТ емитуваше репортажа во која открива како Грција организирано со автобуси префрла на територијата на Република Македонија секој ден по речиси илјада лица илегални имигранти.

Слично

Поврзани вести