Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со 2080 набљудувачи МОСТ ќе ги следи изборите, еве каде ќе се гласа!

Со 2080 набљудувачи МОСТ ќе ги следи изборите, еве каде ќе се гласа!

Со 2080 набљудувачи граѓанската асоцијација МОСТ ќе го следи гласањетo во вториот круг од локалните избори. Со нив ќе бидат покриени 50 до 60 отсто од 1.614 избирачки места во 29 општини и Градот Скопје, како и во Струмица и Долнени, каде што ќе се прегласува.

Покрај набљудувачите кои ќе бидат статични, МОСТ ќе има и мобилни тимови, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и ќе ги набљудуваат повремено места на кои МОСТ нема статични набљудувачи. Денеска нивните набљудувачи го мониторираа денешното предвремено гласање на болните, раселените и лицата во затвор или куќен притвор.

Каде ќе се гласа? Во 29 општини и во Град Скопје денеска ќе се одржи вториот круг од петтите локални избори. Првиот круг ќе се прегласува на три избирачки места во Струмица и на едно во Општина Долнени, по што ќе се знае дали во овие општини ќе се одржи втор круг на гласање или не. На 1.614 избирачки места право на глас имаат 1.103.175 лица. Гласањето во првиот изборен круг заврши во вкупно 49 општини. Втор круг на гласање ќе има во Арачиново, Битола, Богданци, Брвеница, Бутел, Врапчиште, Дебарца, Делчево, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Карпош, Кочани, Лозово, Могила, Ресен, Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Чаир, Чешиново-Облешево и Град Скопје. Тесна изборна битка се очекува да се води во општините Ѓорче Петров, Куманово, Центар, Велес, Гостивар и Берово, каде што разликата во првиот изборен круг не беше поголема од пет проценти, но и во Тетово каде што до последен момент изборната трка е неизвесна. Во Струмица првиот круг ќе се прегласува на три избирачки места каде што има вкупно 3.255 гласачи.
Слично

Поврзани вести