Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХОРОСКОП: Пеколна недела за припадниците на овие два знака

ХОРОСКОП: Пеколна недела за припадниците на овие два знака

Скорпија

Драги Скорпии, иако ќе бидете полни со позитивна енергија и подготвени да се справите со сите предизвици, ќе мора да избегнувате било какви совети од поединци од ваша близина во работната околина. Всушност, со нив само ќе се исцрпувате, беспотребно ќе се расправате и ќе ги губите нервите…

Во март ќе се надвијат непријателски настроени планети над вашето поле за љубов и деца. Затоа овој период за вас е мошне предизвикувачки и полн со напнатост и фрустрации. Оние кои се во тазе врска, сега можат да ја вкусат страсната фаза на емотивниот однос. Како и секоја страст, ќе бидете повремено исклучително задоволни, но ќе се јави и љубомора, посесивност, контрола… Овие опасни игри со оган може да предизвикаат и прекин на врската со помирувања и чести осцилации.

Претставниците на знакот, кои подолго време се во врска, малку полесно ќе го преживеат периодот на криза и нестабилност. Ќе се потрудат да изградат поголема меѓусебна отвореност и покажување на чувствата.

Ако сте слободен претставник на овој знак, нема да имате посебна желба за пронаоѓање на постојан партнер, бидејќи ќе бидете преокупирани со работа, а ќе размислувате за старата љубов. Како што тоа обично бидува, ќе ја повиката старата љубов во својот живот. Епилогот е краен занес, страст и соочување со проблемиите поради кои веќе еднаш сте се разделиле…

Иако сте во полна сила и форма, се исцрпувате на работа и многу сте напнати. исто така би било корисно помалку време да поминувате пред компјутер.

Слично

Поврзани вести