2015 ГОДИНА НА ЕКОНОМСКИ ХАОС: Ова се 11 прогнози на светски експерти!
Дали 2015 година ќе биде година на финансиски катастрофи, економски хаос и почеток на следната светска депресија?
И покрај предвидувањата дека тие балони може да пукнат во било кој момент, тие само продолжуваат да се шират. Меѓутоа, како што веќе е видено во 2001 и 2008 година, сите финансиски балони еднаш ќе пукнат, а последиците се катастрофални.
Гласовите на предупредување се се посилни. Следат 11 предвидувања за економска катастрофа во 2015 од страна на најистакнати експерти ширум светот:
1. Бил Флекенштајн: „Тие се обидуваат да ја подигнат берзата и економијата заедно со неа. Тоа нема да може така. Ќе се случи голема несреќа. Кога луѓето ќе сфатат дека е во прашање шарада, вредноста на доларот ќе потоне, пазарот на акции ќе оди надолу, а со малку среќа и обврзниците. Златото исто така ќе го следи сето ова во ист период“:
2. Џон Фикенек: „Во САД, Шилеровиот циклично лажиран однос на цената и приходите (CAPE) за берзанскиот индекс S&P 500 изнесува 27,2, што е некаде околу 64‚ повеќе од историскиот просек 16,6. Само три пати бил поголем од тој во 1882, а тоа било во 1929, 2000 и 2007 година“.
3. Амброз Иванс-Причард, еден од најпочитуваните економски новинари на планетава: „Еврозоната ќе се најде во дефлација до февруари, кога ќе се обиде да го запали своето дрво со камења. Вистинските каматни стапки ќе пораснат. Долгот ќе продолжи да се зголемува со голема брзина од номиналната БДП вредност. Регионот ќе потоне уште подлабоко во замката на камати“.
4. Џером Леви - Центарот за предвидување кој успешно го предвиде пукањето на средниот балон на хипотеки во 2007 година: „Очигледно е дека насоките на сите досегашни вести за глобалната економија укажуваат на криза во 2015 година“.
5. Пол Крејг Робертс: „Западната кула од карати (финансискиот систем) може да се урне во секој миг. Не постојат економски основи кои ја поддржуваат цената на акцијата, како што не постојат ниту економски основи кои поддржуваат силен долар ...“
6. Дејвид Тајмс: „Го имам истото чуство кое го имав во 1998, 1999., но и 2005 и 2006 година, Ова лошо ќе заврши, убеден сум во тоа“.
7. Лиз Капо МекКормик и Сузан Вокер: „Подгответе се за катастрофална година за обврзниците на САД. Тоа е порака која ја праќаат од Вол Стрит“.
8. Поеникс Капитал Рисерч: „Се ќе биде погодено. Поголемиот дел од „опоравувањето“ од претходните 5 години го сочинуваа позајмените долари. Сега кога американскиот долар стигна надвор од повеќегодишниот опсег, може да се очекуваат се повеќе „ризични средства“ (читај: проекти или вложувања во финансиски позајмени долари) кои ќе пукнат. Нафтата е само почеток“.
Ако работите чесно се заташкаат, постои можност на експлозија од 9 трилиони долари. Замислете целата економија на Германија и Јапонија да експлодираат и ќе сфатите колкаво влијание тоа ќе има на финансискиот систем“.
9. Роб Кирби: „Овој пад на цената на сировата нафта само ќе предизвика уште една криза. Таа ќе биде поврзана со долг на пари искористен за финансирање на производство на нафта од шкрилци во Северна Америка. Се наведува дека тој долг изнесува пола трилиони долари. Кога обврзниците почнат да паѓаат, ќе се загрози иднината на финансиските институции кои треба да го отплатат тој долг. Тоа веројатно ќе биде сигнал за уште едно квантитативно олеснување (QE) за Федералните резерви. Финансиската елита бара изговор за ново печатење на пари, а парите ќе се земат од сметките со заштеда и од пензиските фондови. Тоа е она што нас не очекува во блиска иднина“.
10. Џон Инг: „Колапсот од 2008 година беше само проба во однос на она со што светот овој пат ќе се соочи. Овој пат власта е многу повеќе задолжена отколку што бил приватниот сектор. Значи, овој пат колапсот ќе биде многу пати поголем отколку од 2008 година“.
11. Џерал Селенте: „Во прашање е злоупотреба на довербата која уште се нарекува и Понзи шема. Таа наскоро ќе се разоткрие.
Што ќе се случи? Ќе вооочиме паника на Вол Стрит, но и ширум светот“.
Се зборува за извесен циклус од седум години кој секој пат го следи финансиски колапс. Последните два колапса на берзите се случија во 2001 и 2008 година, а сега е 2015 година.
Дали циклусот ќе се повтори?
Меѓутоа, и понатаму постојат сомнителни, исто како и во 2000 и 2007 година, кои во целост се уверени дека нема да се случи ништо.
Иако економските основи на Америка продолжуваат да се влошуваат, долговите продолжуваат да растат и сите објективни мерки покажуваат дека Вол Стрит е подложен на колапс повеќе од никогаш досега, многу продолжуваат да му се потсмеваат на неизбежниот финансиски колапс.
(Webtribune)
