Економија, финансии, бизнис

Контакт

2014 МАКЕДОНИЈА: Година која ја изедоа скакулците!

2014 МАКЕДОНИЈА: Година која ја изедоа скакулците!
Настан број еден, што според аналитичарите, ќе ја одблежи 2014 та година се студентските протести. На листат настани кои оставија трага во годината што измина се и внатрешно политичката криза, двојни избори со повтрона победа на старо-новата владеачка гарнитура, падот на Македонија во однос на медиумските слободи. На наворешен план, според аналитичарите, хуманоста го помина тестот за време на мајските поплави во регионот. Протестите на студентите, кои го кренаа гласот против одлуката на Владата да воведе задолжителен државен испит за време на студиите, според аналитичарите е настан број еден што ја одбележа 2014 та година. “Студентските протести влеаа надеж дека барем една од клетките на општеството дава знаци на живот“, вели аналитичарот Јасмин Реџепи. Протестите на студентите се најважниот настан во 2014 та и според професорот Нано Ружин. “Студентите покажаа критична зрелост кон сите оние кои ги загрозуваат нивните интереси. Власта е свесна дека секоја дупка на незиниот брод неможе да го зачепи. Штом затвори една се отвараат две-три нови дупки. Засега младите се мирни но доколку Премиерот продолжи да тренира строгост и принципелност, читај тврдоглавост, согласно некои примери од советската воена школа каде попуштањето се смета за пораз тогаш уште повеке ке ги навлекува незадоволните граѓани на протести. Протестите може да бидат и сосема мирни но со секој протест расте бројот на граѓаните кои ке гласаат против ДПМНЕ. Секој современ политичар денес би прифатил дијалог со младите.Нема сомнение дека врхушката е изненадена и загрижена иако тоа успешно го крие“, смета професорот Ружин. Студентите се одраз на политиката и општествена хипокризија што ни се случува смета уредникот во Фокус Младен Чадиковски. „Во земјава секогаш доцниме неколку години зад регионот, па така и ова зреење на младината доаѓа малку подоцна, но никогаш не е доцна за повеќе демократија. Таа е многу потребна во ова лицемерно општество, а студентите покажаа дека не мора да си само ВМРО ДПМНЕ или СДСМ за во нешто да успееш. Но, нивната вистинска битка допрва почнува, тие допрва ќе се соочат со чеканот на државата, и тука ќе им биде потребна поддршка од сите граѓани“ вели Чадиковски. Двојни избори, политичка криза, медиумска слобода.. . На внатрешно политички план, според аналитичарите, се случија двојни избор, предвремени парламентарни и претседателски кои завршија со напуштање на опозицијата од Собранието. „Бевме очевидци на уште една изборна победа на коалицијата предводена од страна на ДПМНЕ и оправданиот бојкот на Собранието од страна на опозицијата, поради нерегуларноста и нелегитимноста на функционирањето на регулативниот систем на секоја демократија- а тоа се кочницата и рамнотежа (check and balances) која предвидува: контрола на власта преку нејзината поделба на судска извршна и законодавна и нивна заемна контрола, достоинствено и фунцкионално место на опозицијата и обезбедување соодветни услови за нејзината контролна улога, контролната улога на медимите кон носителите на власта и слободата и контроланат улога на граѓанскиот сектор кон власта“, вели професфорт Нано Ружин според кого опозицијата нема простор за слободно функционирање, правото на информирање и слободата на медимумите. Ружин смета дека „срамната одлука за случајот Кежаровски, Велија Рамковски, мистеријата за смрта на Младенов, како и политичките затвореници како Љубе Бошковски се наша реалност по речиси четврт век независност“. Проблемот е во немањето вистинска стратегија. “Политичкиот дискурс на земјата почна да добива димензии поради кои не може да се фати точна одредница, кон запад или кон исток. Се чини дека политичката матрица на државно владиниот врв клони кон Путин и Ердоган и геополитички и во однос на начинот на кој ја практицира власта. Тоа р опасна политика на седење на две столици, која на долг рок во политиката не дава резултати. Оттаму имаме и внатрешен блокиран политички процес,со мноштво на сомнителни судски одлуки и потези што Македонија само ја оддалечува од ЕУ и НАТО. А тоа не е добро“ вели Чадиковски. На листата негативни настани, според аналитичарите се и трагичните судбини на емигрантите кои на истекот од годината сериозно зачестија. “Емиграните кои доаѓаат од истокот, за време на својата голгота за транзитирање низ земјава кон Европа ги губат своите животи на македонските пруги,  трагедија за која за жал не постојат правни рамки за нејзино институционално решавање.“, вели аналитичарот Реџепи. Како позитивни настани, според аналитичарите, можат да се одвојат појавата на ново опозициско движење во албанскиот политички блок, Позитивна беше солидарноста која ја покажа народот по поплавите во регионот. Стандард, невработеност, инестиции... Додека статистика мереше подобар животен стандард, раст на економијата, индустријата, градежништвото, во реалноста граѓаните и натаму туркаа тешка година во која според европската статистика, остануваме меѓу земјите што се на дното според животниот стандард, со 36% во однос на европскиот просек. “И покрај позитивните статистички податоци на власта, граѓаните и правните субјекти се преоптеретени од реформите, превисоките казни и санкции за најобични прекршоци. Тука е и недовербата во судството, каде за исто казнено дело некој добива условни, а некој максимални законски казни“, оценува Реџепи. Уредникот во Фокус Младен Чадиковски смета дека 2014-та не донесе многу добри нешта на економски план. „Освен ако погледнеме глобално, кога кон крајот на годината се случи значајно намалување на цената на нафтените деривати, речиси и да не може да се издвои позначајно случување во економијата. Граѓаните живеат посиромашно, иако БДП покажува мало зголемување. Но, сметам дека зголемувањето се должи на инвестициите во слободните економски зони, и само статитсички е значајно, а не реално. Имено, во зоните е лон производтсво, увоз заради извоз, и од таму единствениот нето ефект е во вработувањата, кои од друга страна се следени со ниски плати“, вели Чадиковски. Според аналитичарите, иако во 2014 та статистиката мереше намалување на невработеноста, сликата во реалноста значајно не се подобри. “Од социјален аспект, сиромаштијата и невработеноста се продлабочуваат и покрај нескромната фантазија на владата и нејзините статистики да ги нашминка податоците. Македонија е поделена по сите рабови и логики и тој процес продолжува.Затоа оваа 2014г не можеме да ја прогласиме за успешна година Република Македонија.Тоа е уште една година која ја изедоа скакулците и не ја приближи Македонија кон ЕУ и НАТО.“, смета професорот Ружин. На надворешно политички план аналитичарите ги издвојуваат следниве настани: кризата во Украина и затегнувањето на односите Русија-САД, афирмацијата на движењето Исламска држава,  успехот на популистичките и евро-скептичките партии на парламентарните избори во ЕУ, чии последици посредно или непосредно ќе се чуствуваат и во Македонија. На регионален план економската и финансиската стабилизација на Грција и значителното приближување на државите од Западен Балкан кон евро-атланските интеграции се сметаат за настани што ја одбележаа 2014 та година. А.Д.
Слично

Поврзани вести