Економија, финансии, бизнис

Контакт

2013-та ќе биде тешка година за Германија

2013-та ќе биде тешка година за Германија
Германската влада е малку ги зголеми прогнозите околу економскиот раст за оваа година, но затоа остро ја намали прогнозата за 2013-та,  изјави германскиот министер за економија, Филип Рошлер. Прогнозираната стапка на раст на бруто домашниот производ за оваа година сега изнесува 0,8 проценти, но таа е само 0,1 процент повисока од претходната прогноза. Следната година, најголемата економија во Европа треба да порасне за само 1% , што е намалување од 1,6 отсто од  претходните прогнози,  информираше Рошлер на денешната прес-конференција во Берлин. „Добрата вест е дека германската економија се уште забележува раст и покрај сите турбуленции во светската економија", додаде тој истакнувајќи дека растот на германската економија во првите шест месеци од оваа година ги надмина очекувањата. Тој, сепак, предупреди дека германската економија, со оглед на европската должничка криза и економската слабост во земјите во развој во Азија и Латинска Америка, се наоѓа во многу немирни води. Компаниите се воздржуваат од планираните инвестиции, а повеќето индикатори покажуваат слабеење на растот. „Очекуваме дека ќе ослабне интензитетот на движење на економијата во зимското полугодие, но никако не можеме да зборуваме за остар пад на стапката на раст. Германската економија останува силна и стои на здрави темели. Сите индикации велат дека глобалната економија може да забрза, а тоа значи подобрување на економскиот раст во Германија ", тврди Рошлер.
Слично

Поврзани вести