Економија, финансии, бизнис

Контакт

200 000 бегалци поминале низ Македонија, Груевски повика на заеднички став на ОН

200 000 бегалци поминале низ Македонија, Груевски повика на заеднички став на ОН

Од почетокот на оваа година речиси 200 000 луѓе, главно Сиријци, поминале низ Република Македонија, посочи премиерот Никола Груевски.

Зборувајќи за ситуацијата со бегалците со која се соочуваат државата, Балканот и цела Европа, Груевски посочи дека од почетокот на оваа година речиси 200 000 луѓе, главно Сиријци, поминале низ Република Македонија.

"Соседите на Сирија, на пример Либан, Турција, Јордан, се силно погодени, а првите знаци на социјална тежина се чувствуваат и во балканските земји, чии економии не можат долго да се справат со ситуацијата. Ние ќе направиме се што можеме за да им помогнеме на овие луѓе кои бараат мир, безбедно патување и достоинствен живот. Но, ние не можеме да го тоа направиме сами ", рече Груевски.

"Справувањето со овој проблем претставува посилен ангажман на Европската унија во соработка со балканските земји", додаде тој. "Единствениот начин да се реши бегалската криза во Европа е итно да се свртиме кон главната причина за нивното страдање - во случајот сирискиот конфликт. Постоечките разлики околу одлуката треба да се остават настрана. Имаме потреба од единство и заедничка позиција со ОН ", истакна премиерот.

Слично

Поврзани вести