20 Срби уапсени во Црна Гора, планирале терористички напади
Во црногорскиот главен град Подгорица беа уапсени 20 српски граѓани, пренесува црногорската телевизија PinkМ. Уапсените се осомничени дека подготвуваат терористички активности за време на денешните парламентарни избори во Црна Гора.
Според непотврдени информации на телевизијата, групата мажи биле подготвени да преземат напади, па дури и убиства. Нападите ги имале за цел државата и нејзините претставници, вели началникот на полицијата во земјата, без да дава други детали, дополнува AФП.
Изборите во Црна Гора се одржуваат во позадина на тензиите околу плановите премиерот Мило Ѓукановиќ да изгради поблиски врски меѓу Црна Гора и Западот.
Слично
