20 000 Луѓе аплицираа за работа во државната администрација; ќе има 1600 среќници, ама и многу плачки!
Се зголемува бројката на вработени административци, со нови 1600 лица кои наскоро ќе бидат дел од државното претпријатие Македонски Шуми.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески изјави дека утрешното јавно извлекување за вработување на 1.600 лица од социјални категории ќе се спроведе на транспарентен начин и оти работа ќе добијат оние кои најмногу и ја заслужуваат.
„Со оглед на фактот дека распределбата ќе биде пренесувана на телевизија и изборот ќе се изврши јавно, а јавноста ќе може да го следи, убеден сум дека ќе се спроведе на најдобар транспарентен начин и оти оние кои ќе добијат работа, ќе бидат лицата кои најмногу и заслужуваат, иако и сите други кои конкурирале спаѓаат во овие категории на граѓани, изјави денеска во Петровац вицепремиерот Ставрески.
Премиерот Никола Груевски во април ја промовираше новата мерка од областа на економијата и социјалната политика за вработување на нови лица. Тој посочи дека истата е планирана уште пред нова година, но е објавена во април поради одржувањето на локалните избори, а се со цел да не биде погрешно разбрана.
-Новата мерка предвидува вработување на по 400 лица во четири категории. Првата категорија се однесува на долгорочно невработени лица со 10 или над 10 години невработеност. Во втората категорија влегуваат лица од многудетни семејства. Третата се однесува на самохрани родители и еднородителски семејства, а четвртата на невработени лица од семејство каде нема вработен ниту еден член во семејството, истакна Груевски на 10-ти април годинава.
На огласот се пријавени повеќе од 20 илјади граѓани, а компјутерското рангирање на кандидатите ќе се изврши со директен пренос на Македонската телевизија.
Најмногу апликации или 12 илјади биле доставени од луѓе со средно образонавие. Со основно имало само 3500, а останатите биле со факултет.
Огласот беше распишан за вработување на 1600 лица од четири социјално ранливи категории – долгорочно невработени, самохрани родители, лица од многудетни семејства и семејства без ниту еден вработен.
Слично
