Економија, финансии, бизнис

Контакт

2.000 шпедитери ќе добијат отказ по влезот на Хрватска во ЕУ

2.000 шпедитери ќе добијат отказ по влезот на Хрватска во ЕУ

 Денот кога Хрватска ќе стане нова членка на ЕУ, првиот ден од јули, за околу 2.000 вработени во шпедитерските фирми ќе биде „црн понеделник“, со оглед на фактот дека ќе останат без работа.

Со оглед на фактот дека повеќе од 60 отсто од надворешнотрговската размена на Хрватска се одвива со држави од ЕУ, по либерализацијата на граничниот и царинскиот систем, обемот на работа на домашните шпедитери ќе се намали и до 80 отсто, а работите на повеќето вработени во овој сектор ќе станат бескорисни.

Иако не постојат егзактни податоци, се претпоставува дека без работа во шпедитерскиот сектор можат да останат меѓу 50 и 80 отсто од вработените, што значи 2.000 нови откази во заглибената национална економија, пренесува хрватскиот портал Тпортал, повикувајќи се на пишувањето на весникот „Вечерњи лист“.

Слично

Поврзани вести