1ТВ КОНТРА УЈП: Сметката не ни е блокирана
Телевизијата на Бојан Јовановски тврди дека сметката на 1ТВ е активна а не блокирана и покрај тоа што од Управата за јавни приходи по информациите кои ги објави утринава Фактор потврдија дека даночниците ја блокирале сметката.
На сајтот на телевизијата пишува дека менаџментот ги демантира пишувањата кои се потврдени од УЈП и истото како што е објавено на нивната интернет страница велат можело да се потврди со увид во банкарска потврда.
Имено, од УЈП за ФАКТОР потврдија дека сметката е блокирана а дека деталите се даночна тајна.
„По однос на вашето прашање за причините врз чијшто основ сметката е блокирана, ве известуваме дека согласно Законот за даночна постапка УЈП е обврзана сите документи, информации, податоци или други факти до коишто дошла во даночна, прекршочна или судска постапка, да ги чува како даночна тајна, стои во одговорот од УЈП до Фактор.
Сопственикот на телевизијата не успеавме да го добиеме по сите напори.
Како што објавивме, Фактор дознава дека даночниците ја блокирале сметката уште вчера.
1 ТВ почна да зрачи во етерот во март 2018 година, година и половина подоцна телевизијата се соочува со блокирана сметка.
Инаку, на отворањето на телевизијата присуствуваше речиси цела Влада. “Нова платформа, нов медиум -беше официјалната најава за телевизијата, а од новинарските имиња кои се во телевизијата се познатите - Ацо Кабранов, Анета Кочишки, Гордана Дувњак, Александар Чомовски, Борјан Јовановски, Јадранка Костова и други..
Сите детали за темава читајте ги ТУКА.